Екипата на Лил славеше триумф над Ленс во можеби директната битка за место во Лигата на шампионите со 2-1, и така му избега на +4 на табелата. Херој на домашниот тим беше косовскиот интернационалец Едон Жегрова кој постигна два гола.
Првиот гол Косовецот го постигна во 9. минута и донесе предност, а во 60. минута ја зголеми предноста. Вахи во 78. минута донесе надеж дека Ленс можеби ќе го избегне поразот, но Лил до крајот на мечот го задржа водството.
Лил со оваа победа се искачи на третото место, и сега „му диши во врат“ на Брест кој е второпласиран. До крајот на сезоната ќе води жестока битка за пласман во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА