Лил го урна Ленс и го оддалечи од титулата (ВИДЕО)

Многу веројатно е дека нема да има промена на шампионскиот трон во Франција. ПСЖ е на пат да ја одбрани титулата, откако Ленс денеска загуби важни бодови во битката за трофејот, откако беше поразен од Лил со 3-0. Со тоа ПСЖ ја задржа предноста од четири бода, но и натпревар помалку.

Харалдсон пред самиот крај на првиот дел донесе водство за Лил. Кореа на стартот од второто полувреме ја зголеми предноста, за точка на победата да стави Фернандез-Пардо со гол од белата точка.

Лил со оваа победа се искачи на третото место, и до крајот на сезоната ќе се бори за излез во Лигата на шампионите.

Се вчитува...