Оклахома сити славеше со 121-129 на гостувањето против Портланд, меч што беше решен дури по дополнителни пет минути. Домашните кошаркари во драматична завршница од регуларниот дел останаа без помошта на Нуркиќ, кој беше фаулиран, но потоа влезе во конфликт со Пол Џорџ и ја доби втората техничка грешка, што значеше и автоматско исклучување. Без помошта на стартниот центар домашните кошаркари потклекнаа во продолжението, што Оклахома го доби со 8-16 и се зацврсти на третото место во Западната конференција.
Лилард постигна 51 поен за Портланд, додека во победничкиот тим Вестбрук реализираше 37 поени, додека Пол Џорџ го заврши натпреварот со 32 поени, 14 скокови и 6 асистенции.
Nurkic goes for the trip on Westbrook.
Russell responds accordingly. pic.twitter.com/Grs7qUd4gu
— Up The Thunder (@UpTheThunder) March 8, 2019
Милвоки експресно се рехабилитираше по поразот од Феникс, па синоќа рутински славеше над Индијана со 117-98. Адетокумбо доби техничка грешка кон средината на третата четвртина, по што Милвоки направи серија од 13-0 и го реши прашањето на победникот, за своја 49. победа сезонава. „Грчкиот ѕвер“ го заврши мечот со 29 поени, два повеќе од Мидлтон, додека Тарнер беше најефикасен кај Индијана со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

