Кошаркарите на Милвоки бакс некако стигнаа до тешка победа во НБА лигата откако синоќа славеа против Хјустон рокетс на домашен терен со 101-100.
Херој за домашниот тим беше Демијен Лилард кој ги постигна клучните поени за триумфот. Лилард мечот го заврши со 18 поени, додека најефикасен во победничкиот табор беше Брук Лопез со 27 поени. Кај поразените Фред Ванвлит постигна 26 поени.
ЛА Клиперс на домашен терен беа подобри од Голден Стејт Вориорс со 102-99. Норман Пауел со 23 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 26 поени на Стеф Кари.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Торонто – Индијана 130-119, Њујорк – Вашингтон 134-106, Мајами – Филаделфија 106-89, Феникс – Орландо 99-109 и Сакраменто – Атланта 108-109.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА