Лилард ги откри своите омилени кошаркари, тројца од нив се Балканци

Дамиен Лилард, НБА ѕвездата кој се прослави во Портланд, а сега настапува за Милвоки ги откри своите омилени кошаркари говорејќи на американски подкаст.

Во изборот на Лилард има место за двете најголеми ѕвезди кои доаѓаат од поранешна Југославија, а вкупно тројца од Балканот.

„Ќе го одберам Ентони Едвардс. Сите се „напалени“ на него сега, но го сакам поради енергијата која ја дава на теренот и стилот кој го негува. Тој е автентичен и таква е и неговата игра.

Ќе го одберам Ентони Едварс, а и Џа Морант. Си направи сам беља па многумина се сега против него. Други се Лука (Дончиќ), Џокерот (Никола Јокиќ) и Јанис (Адетокумпо). Тоа се моите омилени кошаркари во моментот“, откри Лилард.

Се вчитува...