Кошаркарот на Портланд, Демјен Лилард, зборуваше за отпуштањето во Милвоки и враќањето во Портланд.
Лилард отсекогаш мислеше дека ќе се пензионира во Портланд Треилблејзерс и ќе заврши во Куќата на славните како играч на овој тим, но неговиот пат тргна наопаку.
Тој го напушти Орегон за да се бори за шампионски прстен, а со Милвоки Бакс не успеа. Откако ја скина Ахиловата тетива во април на почетокот од плејофот, беше отпуштен, а Бакс го откупија неговиот договор, со што стана слободен агент.
„Јанис и јас имавме најмногу постигнати поени во целата лига како тандем од НБА тимови. Го освоивме НБА Купот. Многу луѓе сакаа да ме видат во најдобра форма, а јас играм со човек кој постигнува над 30 поени по натпревар и често ја држи топката во свои раце, што го правев во текот на целата моја кариера. Тој е агресивен и често напаѓа, а сепак успеав да постигнам просек од 25 поени и 7 асистенции за две години. Не беше фер, изгледав поинаку и повторно мислам дека бевме многу продуктивни“, рече Лилард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

