Американската кошаркарска ѕвезда Дамиен Лилард ќе настапи на Ол-стар викендот и ќе се натпреварува во настапот во шутирање на тројки.
Искусниот кошаркар не настапи на ниту еден натпревар оваа сезона бидејќи се рехабилитира од повреда на Ахиловата тетива, но ќе биде дел од годишниот собир.
Конкуренција ќе му бидат Девин Букер, Кон Кнупел, Тајриз Макси, Донован Мичел, Џамал Мареј, Боби Портис и Нормал Пауел.
Лилард е двократен освојувач на ова интересно натпреварување, а доколку успее и трет пат да биде „најдобар тројкаш“ ќе се изедначи со легендарните Лери Брд и Крег Хоџс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

