Лилард се враќа во Портланд

Демијан Лилард се согласи на тригодишен договор од 42 милиони долари за враќање во Портланд. Според ЕСПН, се очекува договорот да вклучува опција за сезоната 2027/28 и клаузула без размена, па ова би било бајка за 35-годишникот што се враќа дома.

Лилард сега ќе има фиксна плата за сезоната 2025/26 од 70 милиони долари од двата клуба, и плата од 141 милион долари во следните две години, со опција за раскинување на договорот во 2027 година.

Милвоки Бакс го ослободија Дамијан Лилард (35) претходно овој месец, а потоа ги „ослободија“ преостанатите 113 милиони долари од неговиот договор за да направат простор за да го потпишат слободниот центар Мајлс Тарнер.

Лилард ја скина Ахиловата тетива кон крајот на април, во четвртиот натпревар од првото коло од плејофот против Индијана Пејсерс, и беше опериран на почетокот на мај.

Се вчитува...