Напаѓачот на Валенсија, Симоне Заза, мора да изврши операција на коленото, откако се повреди за време на тренинзите со италијанскиот национален состав на последните репрезентативни обврски. Лошите вести ги потврди и неговиот тренер Марселино.
„Заза веќе извесно време има проблем со менискусот на коленото. Понекогаш го спречува да игра, засега е во ред, но во одреден момент ќе мора на операција за да го отстрани проблемот. Мора така, тој проблем не може да се реши со одмор“, истакна Марселино.
26-годишниот голгетер сезонава блеска во дресот на „лилјаците“, постигна девет погодоци на 10 меча во кои беше стартер. Во вчерашната победа на Валенсија над Еспањол со 2-0, Заза беше на клупата, но не настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА