Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го запиша најголемиот свој успех досега во кариерата, со пласманот во финалето на ИТФ Челинџер турнирот во Тунис кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.
Ова е прво финале за Ѓорческа на турнир од овој ранг, со награден фонд од 60.000 долари, наспроти досегашните нејзини учества во финале на фјучерси со награден фонд од 10.000 и 25.000 долари.
Во полуфиналната денешна пресметка, Ѓорческа по голема борба славеше во три сета против Петра Мартиќ од Хрватска. Првиот сет го доби противничката со 3-6, а потоа следеше доминацијата во следните два сета на Македонката кои ги доби со 6-4 и 6-4.
Во финалето, Ѓорческа ќе игра против подобрата од второто полуфинале меѓу третата носителка Хогенкамп од Холандија и Унгарката Букта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА