Лина Ѓорческа експресно до полуфинале во Капошвар

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Капошвар, Унграија, откако денеска во четвртфиналето ја преслуша квалификантката Емилијана Аранга од Колумбија со 2-0 по сетови (6-0 и 6-2).

Во првиот сет македонската тенисерка не и дозволи ниту еден гем на противничката, додека во вториот сет Колумбијката успеа да освои два гема. Во полуфиналето Ѓорческа ќе се сретне со Вероника Ерјавец од Словенија која денеска беше подобра од четвртата носителка на турнирот, Унгарката Далма Галфи со 2-0 по сетови (6-0 ии 6-4).

 

Се вчитува...