Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа и официјално е на листата тенисерки кои ќе играат во квалификациите на Грандслем турнирот Ролан Гарос.
Како што и се очекуваше од претходно, согласно својот ВТА ранкинг, Ѓорческа (180. место на ВТА листата) е меѓу 88 тенисерки кои ќе се борат за место на главната ждрепка.
Ова ќе биде трето учество на најдобрата македонска тенисерка во квалификациите на еден Грандслем турнир, по оние на УС Опен и Австралија Опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА