Лина Ѓорческа ќе игра во финалето на турнирот во Словачка

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во финалето на ИТФ Челинџер турнирот вреден 25.000 долари во Трнава, Словачка.

Извонредните игри на турнирот Ѓорческа ги продолжи и во полуфиналето во кое убедливо во два сета, со 6-3,6-3, за само нешто повеќе од еден час игра, ја победи Русинката Влада Ковал.

Иако како квалификант на турнирот, Ѓорческа се враќа на најдобар можен начин по паузата поради повреда, и во утрешното финале ќе игра против Софија Лансере од Русија.

Се вчитува...