Лина Ѓорческа ќе се бори за титула во германски Есен

Македонско-руската комбинација, Лина Ѓорческа и Анастасија Комардина ќе играат во големото финале во двојки на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Есен, Германија.

Ѓорческа и Комардина откако вчера ги елиминираа четвртите носителки Кремен и Узкатегуи денеска славеа против вторите носителки, Хајвс и Аива од Австралија, во два сета со 6-4 и 6-2.

Во натпреварот за трофејот на турнирот Ѓорческа и Комардина ќе играат против Алена Фомина (Русија) и Анастасија Зарицка (Чешка) кои се први носителки.

Се вчитува...