Лина Ѓорческа моќно против подоброрангираната Марченко за осминафинале во Марибор

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше убедливо во два сета против подоброрангираната од себе, Петра Марчинко за осминафиналето на ИТФ фјучрс турнирот во Марибор, Словенија, кој се игра за награден фонд од 75.000 долари.

Македонката успеа да ги добие двата сета со 6-4 за лесна победа, и место меѓу најдобрите 16 на турнирот.

Во осминафиналето Лина ја чека четвртата носителка, Французинката Џесика Понше, која е 153-та тенисерка на ВТА ранкингот.

Ѓорческа, пак, на турнирот во игра на двојки веќе има обезбедено место во четвртфиналето.

Се вчитува...