Лина Ѓорческа по пресврт елиминирана во осминафиналето на Челинџерот во Италија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во четвртфиналето на ВТА Челинџерот во Роверето, Италија.

Во осминафиналната пресметка, Ѓорческа (213. место на ВТА листата) иако имаше извонредни шанси за победа, со пресврт загуби со 1-2 од шпанската тенисерка Болсова Задионов (241. место на ВТА листата).

Македонската тенисерка одличено го почна мечот, првиот сет го доби убедливо со 6-1, потоа во вториот противничката имаше предност и од 2-5, но Ѓорческа во извонреден ритам успеа да дојде до 5-5 и потоа и до 6-6 но во тај-брејкот загуби со 2-7. Третиот сет убедливо со 1-6 го доби Шпанката.

Се вчитува...