Лина Ѓорческа се пријави за настап на Австралија Опен

Лина Ѓорческа ќе се обиде да стигне до главниот ждреб на Австралија Опен откако Македонката реши да се пријави за квалификацииите за првиот гранслем турнир во 2026 година.

Организаторите денеска ја објавија обновената листа на пријавени учесници, во која се наоѓа и името на Ѓорческа како 204. рангирана на последната ВТА-листа.

Лина играше во одлична форма годинава, па со зголемена самодоверба ќе влезе во квалификациите во Мелбурн. Таа најдобриот настап во едни гранслем квалификации го имаше токму на Австралија Опен, и тоа во 2017 година кога забележа две победи, но во третата квалификациска рунда беше поразена од Швајцарката Вогел со 1-2 во сетови.

Се вчитува...