Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на најдобар можен начин, со убедлив триумф ги почна квалификациите за Австралија опен. Во првата рунда Лина ја елиминираше четвртата носителка Синја Краус (108-ма на ВТА листата) од Австрија, за 62 минути во два сета со 7-5 и 6-0.
А, Лина играше во Мелбурн како дома со силна поддршка од Македонците во Австралија кои безрезервно го поддржаа македонското девојче во текот на целиот меч.

Така сигурно ќе биде и во второто квалификациско коло против Тамара Зиданшек од Словенија, која, пак, на стартот со 2-0 ја победи Французинката Џесика Понше.
КОМПЛЕТНАТА АТМОСФЕРА НА ТРИБИНИТЕ ВО МЕЛБУРН И МАКСИМАЛНАТА ПОДДРШКА ЗА ЛИНА МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

