Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа значаен скок на најновата ВТА ранг-листа. По настапите во квалификациите за Австралија опен (каде мина една пречка) и на Челинџер турнирот во Порто (каде исто така стигна до второто коло), 31-годишната тетовчанка освои важни бодови кои и донесоа напредок од 12 места.
Таа сега е на 193. позиција во светот и повторно се врати меѓу најдобрите 200 тенисерки. Ова и дава одлична основа да се приближи до личниот рекорд 170. место, постигнато во 2017 година.
Оваа недела Ѓорческа нема закажан турнир и ќе се фокусира на подготовки за наредните предизвици во сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

