Лина Ѓорческа, со скок од 23 места, меѓу најдобрите 200 тенисерки на најновата ВТА листа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е со скок од 23 позиции на најновата ВТА ранг листа.

Ѓорческа во моментов е на 196. место на листата, на само 26 позиции од нејзиниот најдобар ранкинг во кариерата, 170. место кое го имаше во 2017 година.

На врвот на ВТА листата и понатаму останува Ига Швјонтек, пред Коко Гоф и Арина Сабаленка.

Се вчитува...