Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со победа стартуваше на ИТФ фјучерсот во Лопота, Грузија, кој се игра на тврда подлога за награден фонд од 40.000 долари.
Ѓорческа која е четврта носителка на турнирот, во првото коло славеше против домашната тенисерка Зозија Кардава, победувајќи во два сета, со 7-5 и 6-2.
Во второто коло, кое води во четвртфиналето на турнирот, Ѓорческа ќе се соочи со Анастасија Тихонова која е на 346. место на ВТА листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

