Лина Ѓорческа во четвртфиналето на ВТА Челинџерот во Мадрид!

Одличен успех на најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа која се пласираше во четвртфиналето на ВТА Челинџерот во Мадрид.

Ѓорческа е меѓу осумте најдобри на турнирот откако во осминафиналето ја доби битката со фаворитката Корнеева од Русија, која го предаде мечот во вториот сет. Првиот сет и припадна на Корнеева со 6-3, во вториот македонската тенисерка поведе, и потоа Русинката предаде поради повреда.

Во четвртфиналето Лина Ѓорческа ќе се соочи со Италијанката Пигато, која е на 180. место на ВТА листата.

Се вчитува...