Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е во финалето на турнирот во Куршумлиска Бања, откако денеска со пресврт успеа да дојде до победата над руската тенисерка Дарја Астакова со 2-1.
Русинката го доби првиот сет со 6-2, и кога се чинеше дека ја има контролата, Ѓорческа во вториот сет со импресивна игра успеа да го добие вториот сет со иста мера (6-2). Во третиот одлучувачки сет, на 3-3, Ѓорческа успеа да дојде до брејк и водство од 3-4, а потоа и до конечен триумф од 4-6.
Ѓорческа во финалето ќе игра со победничката од дуелот Булгару (Романија) и Глушакова (Бугарија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

