Лина Ѓорческа во нова мисија, најдобрата македонска тенисерка ќе игра на турнир во Оломуц

Лина Ѓорческа, најдобрата македонска тенисерка најави дека веќе се подготвува за следниот настап. По ангажманот со репрезентацијата во рамки на Били Џин Кинг Купот, Ѓорческа ќе се појави на терените во Чешка.

Станува збор за турнир на земјена подлога во органзиација на градот Оломуц. Прилепчанката има Ѓорческа го има статусот на единаесетта носителка.

Покрај во сингл-конкуренција, се очекува Ѓорческа да настапи и во двојки. Турнирот стартува од денес со квалификациите, а е вреден 60.000 долари.

Се вчитува...