Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја освои титулата во игра на двојки на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари кој се игра во Киасо, Швајцарија.
Ѓорческа заедно со својата партнерка Бугарката Најденова во финалето славеа против четвртите носителки, чешко-холандската комбинација Крамперова/ Ван дер Хук во три сета, со 7-5,2-6,10-7.
Лина со триумфот во Швајцарија стигна до својот втор трофеј во 2017 година на ИТФ фјучерсите во игра на двојки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА