Швајцарката Стефани Вогел, првата носителка во квалификациите за гранслем турнирот Австралија Опен, ќе биде последната пречка за македонската тенисерка Лина Ѓорческа во последниот квалификациски меч за пласман на главниот турнир во Мелбурн. Таа ја победи Амра Садиковиќ, која игра под знамето на Швајцарија, но има македонско потекло и родена е во Прилеп, со 2-1 во сетови (6-1, 6-7, 6-2).
Стефани Вогел моментно е рангирана како 111.тенисерка на ВТА – листата, а во 2013 година (ноември) била и на одличното 42.место.
26-годишната Швајцарка досега има три настапи на главниот турнир на Австралија Опен, каде стигнала до второто коло во 2010, 2013 и во 2014 година. Има настапи на главните турнири на сите четири гранслем турнири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА