Лина не успеа: Пораз во финалето во Куршумлијска бања

Најдобраата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го освои ВТА Челинџерот во Куршумлијска бања, Србија.

Во денешното финале, Лина, која е 355-то рангирана на ВТА листата, во два сета, со 5-7 и 3-6 загуби од домашната тенисерка Теодора Костовиќ која е на 321. место на ВТА листата.

Македонската тенисерка во првиот сет имаше водство од 5-4 и сервис за добивање на првиот сет, но не успеа да го добие па Србинката потоа со пресврт стигна до 5-7. Во вториот сет Костовиќ успеа да дојде до еден брејк кој ја однесе кон победата.

Се вчитува...