Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во третата рунда натпревари во двојки на ВТА турнирот вреден 250.000 долари во Бил, Швајцарија.
Ѓорческа заедно со Русинката Комардина загубија со 0-2, по сетови 4-6 и 0-6 од швајцарската двојка Тимеа Башчински и Мартина Хингис. Ѓорческа имаше можност да се соочи со поранешната најдобра светска тенисерка но не успеа да стигне до посакуваниот триумф.
Сепак, пласман во второто коло на ВТА турнир од рангот на овој во Бил, е најголемото достигнување на македонската тенисерка оваа година. Најава за она што следи наредниот период, и желбата за кратко време да се пробие меѓу најдобрите 100 тенисерки за игра во двојки на ВТА листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА