Лина поразена по голема драма во 2. квалификациско коло на Австралија Опен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира на главниот турнир на грандслемот Австралија Опен откако загуби во второто квалификациско коло.

По голема борба, и вистинска драма во три сета, на крај Лина (205.место на ВТА листата) загуби од Словенката Тамара Зиданшек (151. место на ВТА листата).

Првиот сет и припадна на македонската тенисерка со 6-4, потоа Словенката го доби вториот со 2-6, за да на крај во третиот сет иако Ѓорческа почна со брејк и имаше предност од 2-0 и 3-1, противничката успеа да врати со два брејка и во последниот гем на сервис на Македонката да слави со 5-7.

Се вчитува...