Лина со пресврт до победа и финале во квалификациите на АТП турнирот во Порторож

Лина Ѓорчевска една победа ја дели од плсаман на АТП турнирот во Порторож, Словенија откако во полуфиналето од квалификациите ја совлада руската тенисерка Ангелина Габуева по пресврт со 2-1.

Најдобрата македонска тенисерка првиот сет кој траше речиси педесет минути го загуби со 6-4, но успеа да изедначи на 1-1 откако во вториот сет кој траеше еден час славеше со 7-6.

Во третиот сет Македонката доминираше на теренот и со 6-2 се пласираше во финалето каде за противничка ќе ја има хрватската тенисерка Тара Вурт.

Се вчитува...