Лина тргна со победа на фјучрсот во Грузија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го старуваше ИТФ турнирот во грузискиот град Лопота. Таа во првото коло ја совлада домашната тенисерка Зозија Кардава со 2-0 во сетови (7-5 6-2). Турнирот се игра за награден фонд од 40.000 долари и е од рангот W50.

Утре Ѓорческа ја очекува настап во второто коло каде за ривалка ќе ја има руската тенисерка Анастасија Тихонова. Ова ќе биде нивни четврти меѓусебен меч, а 2-1 во победи е за Тихонова.

Ѓорческа на овој турнир настапува и во конкуренција на двојки заедно со Екатерине Горгодзе во првата рунда ќе играат против првите носителки Мартина Кубка од Полска и Лиса Заар од Шведска.

Се вчитува...