Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во полуфиналето во игра на двојки на ВТА турнирот вреден 115.000 долари во Бол, Хрватска.
Ѓорческа, заедно со својата партнерка Александрина Најденова од Бугарија, во четвртфиналната пресметка славеа против српско-бугарската комбинација Јоровиќ/ Костова убедливо со 6-2,6-4.
Претходно, Ѓорческа беше елиминирана во второто коло на турнирот во поединечна конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА