Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа запиша историја за себе и за македонскиот тенис со победата во првото квалификациско коло на Австралија Опен 2017.
Ѓорческа (206. место на ВТА листата) стана првата Македонка со триумф на еден Грандслем турнир, победувајќи ја на Австралија Опен на стартот од квалификациите Американката Саша Викери (137. место на ВТА) во три сета.
Нашата тенисерка од стартот беше подобра на мечот против 18-та носителка во квалификациите. Првиот сет го доби лесно со 6-2. Во вториот сет имаше предности и од 3-1, но сепак дозволи противничката да направи пресврт, па го загуби со 3-6, за да повторно доминира во третиот сет за победа од 6-3.
Лина Ѓорческа мечот го заврши со 11 аса, со освоени вкупно 99 поени, наспроти противничката која имаше 93 освоени поени. Нашата тенисерка имаше и 70% успешност на првиот сервис, наспроти 65% на Американката.
Во второто квалификациско коло Ѓорческа ќе се сретне со Унгарката Далма Галфи која е на 160. место на ВТА ранг листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА