Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед сака да ја зацврсти соработката со шведскиот интернационалец Виктор Линделоф и ќе му понуди нов договор според кој ќе треба да остане на „Олд Трафорд“ до крајот на сезоната 2024/25. Барселона е заинтересирана за Линделоф и раководството на „црвените ѓаволи“ се обидува да го врзе за подолг период, иако тој има уште две години од актуелниот договор со клубот.
Менаџерот Оле Гунар Солскјер посакува стоперскиот тандем Линделоф – Мегваер долг период да биде костур на одбраната во тимот.
Доколку се согласи за продолжување на соработката, Виктор Линделоф ќе заработува по 75.000 седмично во дресот на Манчестер Јунајтед. Тој дојде во 2017 година од Бенфика за 31 милион фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА