Жозе Мурињо не планира со шопингот во Рома, се со цел да биде составен тим за атак на шампионската титула. Откако за нападот беше осигуран Пауло Дибала, а за средниот ред Вајналдум, сега „специјалниот“ се врти кон одбранбената линија, за што ќе се обиде да доведе фудбалер од својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.
Станува збор збор за Виктор Линделоф, шведскиот дефанзивец кој пристигна во Јунајтед токму на барање на Мурињо. Тој не беше најстандарден ниту лани, губејќи го местото од Рафаел Варан, а шансите за зголемување на минутажата му се сведоа на теорија откако Тен Хаг реши да го доведе својот миленик од Ајакс, Лисандро Мартинез. Во една таква ситуација, Линделоф ги разгледува опциите за заминување, а Мурињо не ја крие желбата да го доведе во Рома. Проблем претставува што „волчицата“ нема пари за перманентен трансфер, па би се согласила само на позајмица од три милиони евра, со клаузула за задолжителен откуп од околу 15 милиони евра што би се активирала наредното лето.
Ерик тен Хаг на денешната прес-конференција објави дека Линделоф нема да настапи на наредниот премиерлигашки дуел против Брентфорд, исто како и Антони Марсијал кој се уште не е рехабилитиран од својата повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА