Линделоф морал да го напушти „Олд трафорд“ за време на епскиот меч со Лион

Манчестер Јунајтед го совлада Лион со 5-4 во реваншот од четвртфиналето на Лига Европа по продолженијата во епски меч, но еден од нивните играчи мораше да го напушти „Олд трафорд“ на средина од мечот.

Шведскиот дефанзивец Виктор Линделоф не ја прослави победата со својот тим бидејќи неговиот син Френсис итно бил префрлен во болница поради повреда на главата. Неговата сопруга Маја неколку дена подоцна откри што точно се случило:

„Еден час пред почетокот на мечот ни се јави дадилката и рече дека се во брза помош на пат кон болница. Мојот најмлад син Френсис си ја скрши главата. Тој го бркал својот постар брат Тед Луи низ куќата, паднал по стаклените скали и го повредил челото. Мораше да направи пластична операција“, почна Маја. 

Операцијата помина успешно, а помладиот син на шведскиот фудбалер брзо се опорави.

„Тој е вистински Викинг, се врати во нормала како ништо да не се случило. Сите бевме многу загрижени, но Френсис продолжува како ништо да не се случило. Лекарите велат дека ќе има голема лузна на челото, но не е важно – јас сум само среќна што се се заврши добро”, заврши Маја Линделоф.

Се вчитува...