Искусниот дефанзивец Виктор Линделоф е еден од играчите кои го напуштија Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната.
Швеѓанецот го напушта „Олд Трафорд“ како слободен играч, исто како и Џони Еванс и Кристијан Ериксен.
За осум сезони во дресот на „црвените ѓаволи“ одигра 284 натпревари, освои еден Лига куп и два ФА купа.
„Горд сум на себе. Имаше многу подеми и падови. Но, да можам да го претставувам овој клуб осум години е голема чест и привилегија. Финалето против Сити во ФА купот беше одлично, освојувањето на тој трофеј е неверојатна работа“, изјави Линделоф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

