Кристијанштад си заминува од Скопје со убедлив пораз од Вардар со 31-15. По завршувањето на натпреварот, тренерот на шведскиот тим, Ола Линдгрен, ја потенцираше надмоќноста на европскиот шампион и призна дека протиув ваков силен Вардар, едноставно нема решение.
„Не бевме моќни да играме рамноправно, Вардар играше фантастично во одбраната, имаат одличен голман силен напад. Играа толку силно , што не можевме да ги сопреме, бевме немоќни. Ние не само што имавме проблеми во одбраната, туку имавме проблем и во нападот. Вардар знаеше точно што прави, беше премногу силен. Разочарани сме од овој пораз, иако знаеме дека Вардар е исклучително силен на домашен терен. Сепак, ние одигравме под нивот што го очекувавме“ – истакна тренерот на Кристијанштад, Ола Линдгрен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА