Линдвик најдобар на Планица, Превц ги собра трофеите

Норвежанецот Мариус Линдвик е победник на последното натпреварување за оваа сезона во скијачкки летови што се одржуваше на Планица во Словенија.

Линдвик стигна до триумф со скоковите од 238,5 и 231 метар, со вкупно 459,5 освоени бодови. Второто место му припадна на домашниот миленик Домен Превц со 5,6 бодови помалку од победникот, додека на третата позиција се најде Јохан Андре Форфанг со 441,3 бодови.

Превц ја комплетираше неверојатната сезона со уште еден трофеј во својата витрина, закитувајќи се со малиот кристален глобус во скијачки летови, пред Австриецот Штефан Ембахер. Тој претходно го освои и големиот Кристален глобу во Светскиот куп, Превц доминантно стигна и до трофејот „Четири Скокалници“, а се закити и со две златни медали на Олимписките Игри.

Се вчитува...