Линдзи Вон е на интензивна нега, но е надвор од животна опасност

Американската скијачка легенда Линдзи Вон беше оперирана по тежок пад на олимпискиот спуст во Кортина д’Ампецо. Вон беше оперирана по скршеницата на левата нога и моментално е во болница во Тревис. Иако е сместена на интензивна нега, нејзиниот живот не е во непосредна опасност.

Како што објави германскиот Билд, повикувајќи се на Ројтерс, тоа е вообичаена процедура за спортисти од нејзиниот статус со цел да се обезбеди нејзина целосна приватност. Италијанските организатори сакаат да се осигурат дека ќе и се пружи најдобра можна нега, а заедно со италијанските лекари, во болницата се и нејзините лични хирурзи. Повеќе информации за нејзината состојба се очекува да бидат објавени околу пладне денес.

Да ве потсетиме, Вон настапи во Кортина и покрај руптурата на предниот вкрстен лигамент на левото колено, која ја претрпе само една недела претходно. Двата тренинзи поминаа без проблеми и дадоа надеж за добар резултат, бидејќи таа постигна солидни времиња и покрај тоа што не возеше со полна моќ.

Сепак, нејзината олимписка трка траеше само 12 секунди. По неколку свртувања, таа удри во вратата со десното рамо, ја изгуби рамнотежата и силно падна. Од местото на несреќата беше однесена во болница со хеликоптер.

За 41-годишната Американка, ова требаше да бидат последните Олимписки игри, за кои се врати од спортска пензија. За жал, големото враќање на легендарната скијачка немаше среќен крај.

Се вчитува...