Една од најдобрите скијачки на сите времиња, легендарната Американка Линдзи Вон, неславно ја заврши минатата сезона со пад и сериозна повреда на олимпискиот спуст во Кортина.
По падот, Линдзи беше подложена на хируршки интервенции и сега е во фаза на закрепнување.
Нејзиниот пад загрижи многумина, особено нејзините најблиски, па нејзиниот татко исто така изјави дека повеќе нема да се натпреварува бидејќи здравјето е поважно од сè друго.
Сепак, Американката сега шокираше многумина.
„Не добив шанса да минам уште еднаш на патеката. Ќе признаам дека татко ми ме советуваше повеќе да не размислувам за скијање, но едноставно го обожавам.“
А, дали оваа изјава има порака?
„Постои сигурен начин да ме натерате да направам нешто: да ми кажете дека не можам да го правам тоа. Многу луѓе и претходно ми велеа дека повеќе нема да можам да скијам, но грешеа.“
Дали ова значи дека пак ќе се вратиш на патеките?
„Знам како е да не се биде повеќе натпреварувач. Едноставно, скијањето е нешто што го сакам. Многу се забавував оваа сезона, но не го имав последното возење, морам да го направам. Така да, има уште пред мене…“ – вели Вон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

