Линдзи Вон најбрза на скратениот спуст во Австрија

Една од најдобрите скијачки на сите времиња, Линдзи Вон е победничка на спуст трката во сезоната во алпско скијање која што утрово се возеше во австрискиот ски-центар Заухенсе.

Американката славеше на спустот кој беше скратен поради лошите временски услови со време од 1:06.24 минута, што беше за 37 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Норвежанка, Кајса Викоф-Ли. Подиумот го надополни втората Американка, Жакелин Вајлс која доцнеше 48 стотинки зад сонародничката Вон.

Утре во Заухенсе е закажана супервелеслаломска трка.

Се вчитува...