Линдзи Вон: Не жалам за златото, туку затоа што ова беше мој последен олимписки спуст

Американската скијачка Линдзи Вон стигна до бронзениот медал во спуст на ЗОИ во Пјонгчанг, и тоа го доживеа мошне емотивно, со солзи на целната рамнина. Иако со своите 33 години стана највозрасната освојувачка на медал меѓу скијачките, таа сепак жали што нема да може да биде дел и од наредните Зимски Олимписки Игри.

„Не жалам за златото, напротив, се радувам дека освоив медал. Меѓутоа ова беше мојот последен олимписки спуст во кариерата и затоа емоциите се навистина големи. Би сакала да можам да бидам дел и од наредните ЗОИ, но моето тело тоа нема да може да го издржи. Ако се навратам на изминатите осум години и на тоа што се проживеав за да бидам овде во Пјонгчанг, горда сум на себе“, изјави Линдзи Вон по освојувањето на бронзениот медал во Пјонгчанг.


Се вчитува...