Линдзи Вон се квалификуваше за ЗОИ во Кортина

Линдзи Вон и дефинитивно ќе биде дел од претстојните Зимски Олимписки Игри што ќе се одржат во Кортина, откако американската ветеранка се квалификуваше да биде дел од најмасовното натпреварување.

За Вон тоа ќе бидат петти олимписки игри во кариерата, први по 2019 година кога реши да се повлече од скијањето поради тешките повреди на двете колена.

Американката докажа дека е вистински феномен откако пред десетина дена стигна до триумф на спуст трката во Сент Мориц, нејзина прва победа по март 2018 со која Вон најави дека е подготвена и за борба за медал на претстојните ЗОИ.

„Олимписки Игри, еве ме повторно. Официјално се квалификував за ОИ во Кортина, чест ми е што повторно ќе можам да ја претставувам својата држава, на моите петти и последни ОИ. Кога ја донесов одлуката за камбек на скијањето секогаш погледите ми беа насочени кон ЗОИ, Кортина отсекогаш била специјално место за мене и среќна сум што ќе скијам таму и како дел од најголемото натпреварување“, објави Линдзи Вон.

Се вчитува...