Линдзи Вон нема да стави крај на кариерата на крајот од сезоната. Атрактивната американска скијачка пред извесно време најави дека ова ќе биде нејзината последна сезона во кариерата. Но, неодамнешната повреда на тренинг поради која ќе го пропушти настапот на најзината омилена трка во Лејк Луис, ја натера да ја промени одлуката и да го помести датумот за своето пензионирање.
„Бев решена на крајот од сезоната да ставам крај, но ме боли кога ќе помислам дека вееќ никогаш нема да се натпреварувам во лејк Луис. На оваа патека сакам да настапам на почетокот од следната сезона и тоа сигурно ќе го направам“ – им порача Линдзи Вон на своите фанови.
Американката додава дека нејзината одлука е донесена од емотивни причини.
„Не се работи толку за лов на рекордна победа во Светскиот Куп, туку за сознанието дека не можам да ја завршам кариерата без да сде простам од Лејк Луис така како што заслужува мојата најомилена трка. Дури и ако сезонава не скијам во добра форма и не бидам конкурентна, сепак, ќе настапам“ – порача Линдзи Вон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА