Познатата американска скијачка Линдзи Вон зборуваше од болница и објави дека последната операција била успешна, но дека закрепнувањето е тешко.
„Само кратко ажурирање… мојата последна операција помина добро. Траеше нешто повеќе од шест часа. Се опоравувам, но болката е тешко поднослива. Напредокот е бавен, но се надевам дека наскоро ќе излезам од болница. Ви благодарам на сите за вашата поддршка“, рече Вон.
Засега не е познато колку ќе трае закрепнувањето на една од најтрофејните скијачки во историјата, но јасно е дека ја чека долг и тежок процес на рехабилитација. Вон беше олимписка шампионка во спуст во 2010 година и се надеваше на бајковит крај на нејзината блескава кариера.
Таа се пензионираше во 2019 година како најодликувана скијачка во историјата во тоа време, а зад себе имаше и неколку сериозни повреди на ногата. По делумна замена на десното колено, таа ја шокираше јавноста кога објави дека ќе се врати во 2024 година. Оттогаш, таа има освоено осум подиуми во Светскиот куп.
Но, и покрај скинатоста на предниот вкрстен лигамент на последната трка од Светскиот куп пред Игрите, една од најсериозните повреди во спортот што бараше операција и најмалку шест месеци пауза и бавно закрепнување таа донесе одлука да се качи на патеката во Кортина, каде што имаше толку многу успеси, но на крајот сето тоа заврши неславно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

