Новиот неуспех за освојување на Еворпското првенство најверојатно ќе донесе промена на селекторското место во англиската репрезентација. За медиумите на „Островот“ Герет Саутгејт е минато, а веќе и се шпекулира со неговиот наследник.
На оваа тема говореше и легендарниот Гери Линекер кој во подкастот „The Rest Is Football“ го откри и својот фаворит за селекторското место.
„Мислам дека беше вистинската личност за обединување на нацијата околку фудбалската репрезентација, но сега е можеби време да ја води некој кој преферира модерен, напаѓачки фудбал. Мислам дека самата игра дојде до тоа ниво да не можеш да си успешен ако тимот е многу дефанзиен“, изјави Линекер.
Со оглед на тоа што Јирген Клоп е слободен по заминувањето од Ливерпул, Линекер беше запрашан дали смета дека тој е вистинскиот избор.
„Јас би одбран и уште подобар од него. Пеп Гвардиола. Клоп дава доем дека моментално нема никаква желба за работа, неговата желба е само да се одмори“, додаде Англичанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА