Англија игра второ финале по ред на ЕУРО и сака првпат да стане европски првак и да ја освои втората голема титула, прва од 1966.
Светската титула од 1966 година сè уште стои како единствен репрезентативен трофеј од „лулката на фудбалот“. Финалето на ЕУРО е нова можност за Англија, која пред три години загуби во финалето од Италија на пенали.
Легендарниот Гери Линекер во колумна за Би-би-си вели дека не може веќе да чека Англија да освои трофеј.
„Мојата животна амбиција како играч отсекогаш била да освојам голема титула со репрезентацијата. Бевме блиску, но тоа не се случи. Англија беше блиску на последното ЕУРО, но ние загубивме на пенали. Тоа искуство би можело да ни се најде сега. Ќе биде тешко, тие играат против многу добрата Шпанија, која има вистински суперѕвезди и феноменална кохезија. Но, верувам дека имаме добри шанси. Ако не сега, тогаш за две, четири, шест години… Но, не сакам повеќе да чекам, сакам тоа да се случи сега“, напиша Линекер во колумна за Би-Би-Си.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА