Линекер за Германците и фудбалот – втор дел

Добро позната е изјавата на Гери Линекер за германската репрезентација, кога по полуфиналето од СП 1990 англискиот голгетер истакна : Фудбалот е едноставна игра во која 22 луѓе трчаат по топката, а на крајот секогаш победуваат Германците.

Оваа изјава, која пред 28 години стана една од најпознатите во фудбалската историја, денеска го доби своето продолжение. По драматичниот финиш и триумфот на Германците над Шведска, Линекер се јави со својот став на „оваа тема“.

Фудбалот е едноставна игра во која 22 луѓе ја бркаат топката 82 минути. Тогаш Германците добиваат црвен картон, па 21 човек ја бркаат топката уште 13 минути… и на крајот Германците некако еб..о стигнуваат до победата“ – напиша Линекер на својот твитер-профил.

 

Се вчитува...