Лингард на слатки маки: На маса четири примамливи понуди

Џеси Лингард го напушти тимот на Манчестер Јунајтед по истекот на неговиот договор и во моментов е слободен агент.

Офанзивецот од средниот ред внимателно ги разгледувал опциите каде би можел да ја продолжи кариерата, но во моментов се наоѓа пред слатки маки, откако добил богата понуда од Саудиска Арабија.

Имено, неименуван клуб од оваа земја му понудил дури десет милиони фунти годишно. Англичанецот сериозно размислувал да ја прифати понудата иако приоритет засега им давал на понудите од премиерлигашите кои се заинтересирани за него, но кои се далеку, далеку помали од саудиската.

Според „Атлетик“, Вест Хем, Евертон и уште еден тим од Англија биле подготвени да му понудат договор на фудбалерот кој се „изгуби“ низ „Олд Трафорд“ во последните години.

Се вчитува...